
ПЗУ “Св.Алексеј”
Достапна и квалитетна здравствена заштита!
ПАКЕТИ
- ПАП ТЕСТ
- КОЛПОСКОПИЈА
- ЕХО ПРЕГЛЕД (вагинален или абдоминален)
- ВАГИНАЛЕН ПРЕГЛЕД
- КОНСУЛТАЦИЈА
- ЕХО ПРЕГЛЕД ( вагинален или абдоминален)
- ТРАНСВАГИНАЛНО МЕРЕЊЕ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА
- ПАП ТЕСТ
- LBC АНАЛИЗА
- ХПВ ТИПИЗАЦИЈА
- ЕХО НА ДОЈКА
- СКРИНИНГ НА РАСТ НА БЕБЕТО
УСЛУГИ

Д-р Дејан Огњеновиќ – Специјалист - Гинеколог - Онколог
- Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје.
- Специјализирал гинекологија и акушерство во Љубљана, Словенија.
- Дополнителна едукација и обука во областа на онколошката гинекологија (Германија, Белгија, Англија).
Д-р Дејан Огњеновиќ е специјалист по гинекологија, акушерство и онкологија, со долгогодишно искуство во дијагностика и лекување на гинеколошки заболувања, вклучително и онколошки состојби. Тој успешно изведува широк спектар на хируршки интервенции, вклучувајќи гинеколошки, онколошки, лапароскопски, хистероскопски, урогинеколошки и акушерски операции во приватни здравствени установи. Своето професионалното искуство го надополнува со учество на бројни домашни и меѓународни конгреси, семинари и обуки. Има повеќегодишна пракса во домашни и странски медицински установи. Д-р Огњеновиќ е посветен на персонализиран пристап кон секоја пациентка, со цел да обезбеди највисок степен на грижа и доверба. Пациентките често го опишуваат како топол, внимателен и професионален доктор кој секогаш е тука да ги слушне и поддржи.
Мојата мисија е да обезбедам највисок квалитет на грижа за жените, со посебен акцент на рана дијагностика и успешен третман на онколошките состојби. Секој ден е нова шанса за подобро здравје и живот.